-33%
На залиха

Aura Black 3 во 1 – BURBAY AG668

Тел:078843367

Original price was: 23180.00ден.Current price is: 15500.00ден.

Категорија Ознаки: , , ,

✨ Уживајте во првите прошетки со вашето бебе во стил и удобност!
Aura 3 во 1 количката нуди врвен квалитет, модерен дизајн и максимална безбедност.
Совршен избор за модерни родители кои сакаат само најдоброто за своето бебе! 👶💫

Во комплетот Aura 3in1 добивате:
-Рамка со тркала
-Koрпа за новороденче
-Спортско седиште
-Транспортер кој служи како и седиште за автомобил
-Модерна чанта за родители
-Голема корпа за пазарење на рамката на количката

Карактеристики – спецификација на делови:

РАМ-КОНСТРУКЦИЈА:
-Иновативна алуминиумска рамка која лесно се склопува за полесен транспорт
-Централна сопирачка на количката
-Прилагодливи амортизери за удобно возење
– Полиутерански предните и задни тркала од најновата генерација
-Предните и задните тркала лесно се отстрануваат со кликнување на копче
-Висококвалитетна рачка за туркање обложена со еко кожа, се прилагодува според висината на родителите

КОРПА ЗА НОВОРОДЕНЧЕ:
-Корпа се користи од раѓање до 9 кг или 6 месеци додека бебето лежи
-Лесно монтирање и демонтирање  за рамката на количката со еден клик
-Има одлична висина за родителите да не мораат премногу да се наведнуваат на бебето и да имаат бистри и брзи пристап до бебето
– Внатрешноста е обложена со меки материјали и анатомски душек за бебето
– Внатрешноста на корпата може да се отстрани брзо и лесно за полесно одржување
– Зимска прекривка која лесно се монтира и демонтира и го штити бебето од сонце,ветер, дожд и неповолни услови
– Прилагодлива тенда на корпата
– Рачка за полесно носење
-Прилагодлив наслон во самата корпа
-Може да се монтира во двете насоки
-Материјали со УВ заштита

СПОРТСКО СЕДИШТЕ:
-Се користи од 6 до 48 месеци или од 9-22 кг
-Може да се монтира во двете насоки на патување со едноставно кликнување на рамката на количката за родителите да можат да гледаат во детето или детето да гледа напред додека се вози
-Потпирачот за грб се прилагодува од седечка положба до целосно лежечка положба во двете насоки
-Тендата е прилагодлива и има отвор за пропустливост на воздухот
– Безбедносен појас за врзување во 5 безбедносни точки
– Прилагодлив потпирач за нозе
– Материјали со УВ заштита

ТРАНСПОРТЕР:
-Погодно за деца од раѓање до 13 кг
-Правилната инсталација е лесна благодарение на видливите водилки низ кои се става безбедносниот појас.
– Тапацирот во седиштето е мек и удобен.
-Прилагодливата тенда ви овозможува да го заштитите вашето дете од сончевите зраци.
– Седиштето за автомобил  има тенда која штити од УВ зрачење
– Седиштето за автомобил има квалитетна и прилагодлива ергономска рачка која обезбедува удобно носење на седиштето.

ТРКАЛА:
-Полиутерански тркалата (напред и назад)
-Тркалата се функционални,  со пропорционални големини се направени да ја амортизираат секоја дупка на која ќе наидете и во комбинација со амортизерите на рамката на количката ви овозможуваат максимално уживање во безбедно возење дури и на најнепристапните терени.
-Доколку е потребно, предните и задните тркала може да се отстранат со еден клик

Тел:078843367

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Aura Black 3 во 1 – BURBAY AG668”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *