-16%
На залиха

Brano Pro (01) 3 во 1 – Riko

Гаранција за квалитет 12 месеци

Бесплатна достава низ цела Македонија

Тел:078 843 367

Original price was: 50600.00ден.Current price is: 42400.00ден.


ДЕТСКАТА КОЛИЧКА RIKO BRANO PRO Е НАЈНОВАТА ВЕРЗИЈА НА СЕРИЈАТА БРАНО, КОЈА СЕ ПРОИЗВЕДУВА ДОЛГИ ГОДИНИ И ДОПРЕ ДО ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ КУПУВАЧИ НИЗ ЦЕЛА ЕВРОПА.

Карактеристично за количките од серијата Brano е исклучителна издржливост со носивост до 22 килограми, благодарение на што Brano Pro сигурно ќе опслужува повеќе од едно дете. Најновата колекција на Riko Brano Pro има тапацир изработен од модерна и еколошка кожа отпорна на нечистотија во комбинација со црни елементи од ткаенина,вклопена со црна рамка со сребрени принтови.

Brano Pro е опремена да обезбеди удобност при патувањето на бебето, има совршено амортизација со можност за прилагодување на цврстината,опремена е со најновата серија на тркала исполнети со гел кои овозможуваат мекост при возењето,без ризик од пукање.Спортските карактеристики на количката ја прави совршен придружник за активните семејства кои сакаат да бидат во движење. Вртливите предни тркала овозможуваат лесно маневрирање, додека компактниот дизајн на количката и лесното ракување обезбедуваат мобилност и флексибилност. Иновативниот и практичен механизам за преклопување ви овозможува брзо и без напор да ја преклопите количката, што е особено важно при транспортирање на количката во автомобил.

Рачката за туркање може да се подесува по висина и е обложена со стилски дизајнирана еко кожа.
Централната кочница на рамот ги блокира двете задни тркала истовремено.
Пространата шопинг торба е практично решение за складирање на предметите на бебето кои сакате да ви бидат на дофат за време на возењето.
Малите димензии после склопувањето на рамот и опцијата за вадење на тркалата ќе ви заштедат многу простор за складирање и без проблем ќе ја сместите во било кој автомобил.

Корпа за бебе-обложена со висококвалитетен материјал од еко кожа,водонепропустив и со УВ заштита

-пространа корпа со модернистичка форма со уникатен карбонски принт,се користи од раѓање до 6 месеци па и понатака бидејќи е опремена со систем за прилагодување на наслонот во самата корпа

-вентилација во корпата

-опремена со најновата серија на анатомско душече изработено од кокосови влакна кое спречува потење и  овозможува непречена циркулација на воздух обложено со памучна навлака,

-повеќестепена тенда на корпата со можност за продолжување,

-можност за брзо склопување на корпата-се сплоснува за полесен транспорт,

-можност за нишкање на корпата кога е извадена од количката и поставена на рамна површина,

-рачка на врвот на корпата обложена со еко кожа која служи за кревање и носење на корпата

-можност за поставување во двата правци на возење

-зимска прекривка

 

Спортско седиште

-пространо и удобно обложено со ергономски душек од плетена ткаенина

-се користи од 6 месеци па до 4 години или 22 килограми

-зимска прекривка

-можност за монтирање на седиштето свртено напред и назад

-прилагодување на потпирачот за грб во неколку степени до целосно лежечка положба,

-прилагодлива тенда со можност за продолжување

-тенда целосно обложена со висококвалитетен материјал од еко кожа,водонепропустлив и со УВ заштита

-прилагодливи безбедносни појаси со 5 точки на закопчување

-отстранлива безбедносна пречка изработена од еко-кожа

-прилагодлив потпирач за нозе обложен со еко-кожа за лесно чистење.

-опција за монтирање во двата правци на движење

 

Транспортер

-предвиден за користење од раѓање до 13кг.

-опција за монтирање на рамот од количката со соодветни адаптери вклучени во сетот

-можност за подесување на тендата и целосно отстранување.

-збогатен со дополнителна ергономска подлога за удобност.

-стабилна и цврста рачка за носење

-сигурносни појаси

-опција за монтирање во двата правци на движење

 

Сетот 3 во 1 вклучува:

-алуминиумски рам со тркала од најновата серија исполнети со гел

-корпа,спортско седиште и транспортер

-зимски навлаки за спортското седиште, корпата.

-прекривка за дожд

-мрежа против инсекти

-држач за шише

-уникатна,модернистичка ташна за мајката

-Anti Shock систем на предните тркала.

Гаранција за квалитет 12 месеци

Бесплатна достава низ цела Македонија

Тел:078 843 367